Басконија го врати ударот со победа во Москва

Басконија успеа брзо да се врати од високиот пораз со 26 поени разлика на првиот меч против ЦСКА и успеа да победи со 78:68 за израмнување на 1:1 во четвртфиналната серија во Евролигата.

Гостите ги добија непарните четвртини, водеа од почеток до крај и ја завршија гостинската мисија во Москва со пораз и победа и сега имаат предност бидејќи можат се да решат на свој терен.

Хилијард и Шилдс со 16, односно 15 поени ги предводеа гостите до триумф вечерва, Поире им се приклучи со 14 поени, а кај домаќините Кори Хигинс беше најефикасен со 15 поени. По 14 постигнаа Серхио Родригес и Вил Клајбурн, а сега ЦСКА ќе мора да возврати на следните мечеви во Виторија, ако сака да игра во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести