Бате пак се сопна на „Астана арената“ (Видео)

Астана заврши голема работа уште на првиот меч, со победа против БАТЕ Борисов од 3:0 и е многу блиску до нов настап во Европа Лигата.

Денеска на „Астана арената“ во Казахстан се одигра првиот дел од двомечот меѓу Астана и БАТЕ Борисов, а домашниот тим повторно покажа дека е многу незгоден за Белорусите.

Со головите на Томасов, на Логвиненко и на Сигурјонсон, Астана го декласира гостинот и ќе има огромна предност за реваншот во Борисов.

https://www.youtube.com/watch?v=vRtiyi5-Gmo

И пред три години овие две екипи играа меѓу себе во плејоф-фазата за пласман во Лигата на Европа, а и тогаш двомечот почна со победа на Астана, како и сега.

На 18 август 2016 година беше 2:0 за казахстанскиот претставник, а во реваншот и двете екипи постигнаа по два гола и Астана играше во фазата по групи во ЛЕ.

- Оглас -

Најнови вести