Ветеранот Фабио го израмни рекордот на Батистута од 1994 година

Ветеранот Фабио Квалјарела блеска и на 35-годишна возраст, а од денеска е ко-рекордер со Габриел Батистута во Серија А и моментно прв стрелец во најсилната лига на Италија.

Со два гола од пенал и една асистенција до Габијадини шпицот на Сампдорија даде значаен придонес во победата против Удинезе од 4:0, а со тоа ја продолжи импресивната серија голови на 11 меча по ред. И сега неговото име е запишано во историјата на Калчото, заедно со Батистута, како единствени играчи што постигнувале макар по еден погодок на 11 дуели во низа во Серија А. Популарниот Габигол го држеше рекордот со голови постигнати во 1994 година за Фиорентина.

Сезонава, Квалјарела блеска и на 20 меча што ги играше за Сампдорија во италијанското првенство постигна 16 голови и има шест асистенции. И моментно е прв стрелец пред Кристијано Роналдо и Дуван Запата кои имаат по 14.

Вечерва против Удинезе првите два гола за домаќините ги постигна Квалјарела, а потоа прецизни беа и Линети и Габијадини.

 

- Оглас -

Најнови вести