Баварски покер во Билефелд, не остана екипа против која Левандовски нема дадено гол (видео)

Баерн Минхе врза две победи во Бундеслигата по убедливите 4-1 на гостувањето кај Арминија во Билефелд за приклучок на водечкиот Лајпциг на табелата.

Покерот на Милер и Левандвоски во само 51 минута фудбал беше и повеќе од доволен за Баварците да ги освојат потребните бодови. Милер отвори во осмата минута, а веќе до паузата Баерн водеше со 3-0 по двата гола на Левандовски.

https://twitter.com/noobfcb/status/1317510199243059200

Најдобриот стрелец во Бундеслигата може да се пофали дека има постигнато барем по еден гол против сите 17 прволигашки екипи, а засега во четири меча стои на шест гола. Милер зголеми на 4-0 непосредно по стартот на второто полувреме, за домаќините да дојдат до почесен гол преку Доан во 58-та минута.

Кога веќе се беше решено, Баерн остана со 10 играчи откако Толисо заработи црвен на петнаесетина минути до финишот.

- Оглас -

Најнови вести