Баварците речиси да не паметат кога последен пат не победиле во ЛШ

Баерн Минхен со ремито против Атлетико од 1-1 во Мадрид првпат по 15 меча не победи во Лигата на шампионите. Европскиот првак со овој рекорд речиси да заборави како е да не победува на меѓународната сцена.

Вклучувајќи ги 11-те победи на исто толку меча во цела ланска сезона во која Баерн стигна до титулата, како и четирите во групната фаза од оваа сезона, гигантот од „Алијанц арената“ 21 месец го издржа неприкосновениот ритам.

Последен пораз на Баерн беше на 13 март во 2019 година, на домашен терен од Ливерпул во осминафиналето, сезоната во која Црвените се искачија на европскиот трон.

Олимпик Марсеј конечно стави крај на антирекордот од 13 порази во низа во најелитното меѓународно клупско натпреварување.

Димитри Паје со двата реализирани пенали против Олимпијакос му донесе победа од 2-1 со пресврт на екипата на Вилаш-Боаш, па така заврши агонијата на францускиот состав. Во период од 20 минути, гостите од Пиреја сами ја прокоцкаа предноста од првиот дел, а Паје успешно казни во двата наврати за конечни 2-1 на „Велодром“.

Инаку катастрофалната низа на Марсеј почна со пораз од Интер со 1-2, на двапати загуби од Баерн Минхен и Порто, Арсенал, Борусија Дортмунд и Наполи, а по еден пораз претрпе од Манчестер сити и Олимпијакос.

- Оглас -

Најнови вести