Базел знае како да ги цени легендите: Федерер доби неверојатна чест (ФОТО)

Роџер Федерер со сигурност ќе биде запаметен како еден од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт.

Легендарниот швајцарски рекет, кој заедно со Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ ја предводена златната генерација на овој спорт, полека, но сигурно размислува за пензија.

Низ својата кариера, кога Федерер ќе оствареше некоја брза и убедлива победа, навивачите го викаа „Фед-екс“, а тоа да не биде заборавено се погрижи неговиот роден град, Базел.

Една од трамвајските линии која го вчера беше со бројот осум, која што поминува покрај куќата на оваа легенда, ќе биде преименувана во „Федерер експрес“.

„Ви благодарам за неверојатната чест. Како вчера да беше кога како осумгодишно дете се возев со оваа трамвај-линија“ за да стигнам на терените за да тренирам“ напиша Федерер на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)

 

- Оглас -

Најнови вести