ББЦ е минато, Реал не ги сака назад Бејл и Роналдо

Реал Мадрид нема намера да ги врати во своите редови Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Ова го тврдат шпански медиуми, откако деновиве се засилија шпекулациите оти Роналдо само чека повик од Мадрид за да се врати во Кралскиот клуб, а и Бејл најави дека по позајмицата во Тотенхем, ќе се врати во Реал и дека во Лондон е само за да влезе во форма за ЕП.

Сепак, стратегијата на клубот е да не се ангажираат стари играчи над 30 години, и ако веќе го засилуваат нападот, тоа ќе треба да го направат со купување на Мбапе или Халанд.

Нема ништо и од враќање на Бејл. Клубот не ни размислува да го користи Велшанецот во следната сезона, иако имаат договор со него до 2022 година. Бејл има огромна плата, и Реал не сака да го плаќа незаинтересираниот крилен играч, туку ќе го продаде.

- Оглас -

Најнови вести