Беа елиминирани на „Стемфорд бриџ“, но по мечот беа поздравени како шампиони (Видео)

Ајнтрахт Франкфурт во двата меча со Челзи одигра 1-1, па мораше на пенали да се одлучи патникот во финалето на Лигата на Европа. Германскиот тим загуби на пенали, но од „Стемфорд бриџ“ беше испратен како шампион. Тоа е благодарение на неколкуте илјади фанови кои беа на трибините и ги бодреа гостите.

По завршување на средбата, играчите на Ајнтрахт застанаа пред своите фанови и добија огромен аплауз.

Гостинските симпатизери уште на повеќе од еден час пред мечот беа на своите места на трибините и уште пред да почне натпреварот, правеа одлична атмосфера. Дефинитивно, секој би посакал да има вакви симпатизери.

https://twitter.com/GGFN_/status/1126560340068700160

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести