И покрај катастрофалната серија од два месеца без победа, Гент успеа да обезбеди место во квалификациите за Конференциската лига. Во одлучувачкиот натпревар за пласман во Европа, Гент по изведување пенали го совлада Генк со 5:4, откако по 120 минути игра резултатот беше 1:1.
Бидејќи во регуларниот дел немаше голови, победникот се бараше во продолженијата. Генк поведе во 95-тата минута преку Мирисола, но во самиот финиш Влигер реализира пенал и му донесе израмнување на својот тим.
При изведувањето на пеналите, единствен непрецизен беше Ванемакер, што му овозможи на Гент да дојде до голем триумф и пласман во европските квалификации.
Интересно е што тимот предводен од Рик де Мил немаше победа во домашното првенство уште од крајот на март. Во десетте натпревари од шампионската рунда забележа шест ремија и четири порази.
Сепак, благодарение на подобрата гол-разлика, Гент ја освои позицијата што водеше во баражот за Европа и следната сезона ќе настапи во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

