Беа најборбени и нон-стоп ги тресеше Ковид-19, но мораа да се предадат и да го спасат 18-кратниот шампион

Романската фудбалска федерација одлучи да го прекине натпреварувањето во плејаут лигата за опстанок и да го зголеми бројот на екипите што ќе настапуваат во Првата лига следната сезона.

Наместо стандардните 14, во сезоната 2020/21 година најсилната романска лига ќе брои 16 клубови, што значи спас за 18-кратниот првак и гигант Динамо Букурешт.

Токму кај нив беше најголемиот проблем со заразени играчи од Ковид-19 во плејаут лигата, па Динамо во еден момент имаше дури пет заостанати натпревари.

Со само 9 одиграни дуели и ја завршија битката за опстанок, а ги спаси одлуката на Федерацијата повеќе да нема мачење и да се прошири лигата.

Многу проблеми со корона-вирусот Романците имаа и во плејоф лигата, натпреварување за титулата, но таму на крајот имаше необично решение.

Дербито од последното коло меѓу Универзитатеа Крајова и Клуж беше претворено во нокаут меч за титулата. По принципот да може да се одбие шампион дури и со изведување на пенали, но актуелниот првак Клуж беше подобар, победи со 3:1 и ја одбрани шампионската круна.

Нови прволигаши се УТА Арад и Арѓеш кои им се приклучија на останатите 14 екипи кои и сезонава играа во најсилната романска фудбалска лига.

- Оглас -

Најнови вести