Беа во аутсајдерскиот четврти шешир при ждрепката, а растураат во најсилната група (Видео)

Борусија Менхенгладбах води со 3-0 по половина час игра во Киев против Шахтар и покажува дека тоа што беа во последниот четврти шешир при ждрепката, не значи ништо, бидејќи на теренот се гледа кој е фаворит, а кој аутсајдер. Германскиот тим со Интер и Реал Мадрид испушти победи, и одигра 2-2, а сега даде дури три гола кај Шахтар само за 27 минути.

Првиот гол го даде Плеа, кому му е дебитантски во ЛШ, зголеми Крамер, а потоа Французинот Плеа уште еднаш ја затресе мрежата на загубените Украинци, кои го шокираа Реал во првото коло, но вечерва се немоќни, барем засега. Ако нема некое чудо, Менхенгладбах ќе биде лидер на табелата во групата, а во идното коло игра дома со Шахтар и може да дојде на чекор од осминафиналето.

И во Москва е ефикасно, Локомотив и Атлетико играат 1-1. Хименес погоди за гостите, изедначи Миранчук од пенал.

Ова е погодокот на Плеа со кој се отвори гол-шоуто во Киев:

https://twitter.com/i/status/1323688538832031745

- Оглас -

Најнови вести