Бејл е 15-ти играч на Реал Мадрид со 100 погодоци

Герет Бејл посебно ќе го памети денешниот триумф против лутиот градски ривал Атлетико, откако со погодокот за конечни 3-1 оствари јубилеј во дресот на „кралевите“. Велшанецот стигна до 100 погодоци во сите натпреварувања за Реал, a му успеа по 217 натпревари.

Тој воедно е 15-ти фудбалер на гигантот од Мадрид кој успева да оствари ваков учинок, додека во клупската историја најдобар голгетер е Кристијано Роналдо со неверојатни 450 погодоци.

https://www.youtube.com/watch?v=dstnQraxE3o

- Оглас -

Најнови вести