Бејл ќе игра за Велс и повреден, но не против Шпанија

Герет Бејл замина за Кардиф и ќе му биде на располагање на селекторот Рајан Гигс, иако е повреден. Тој вели дека не постои ништо на светот што ќе го спречи да игра за својата репрезентација, но не и против Шпанија.

Напаѓачот на Реал Мадрид се повреди на последниот меч на „кралевите“ против Алавес, а и покрај инсистирањето на челниците на европскиот првак, тој замина за Велс.

Велшаните на 11-ти октомври ќе играат пријателски меч со Шпанија на „Милениум“ во Кардиф и Бејл на овој дуел нема да игра со цел да биде подготвен за големото островско дерби со Република Ирска на 16-ти октомври во Даблин. Тој меч е во рамките на Лигата на нациите.

Овие две селекции се во четвртата група од сегментот Б, заедно со Данска.

 

- Оглас -

Најнови вести