Бејл намернo прави проблеми во Реал: Наместо да разговора со Зидан, замина да игра во Лигата на нациите

Герет Бејл ѝ се приклучи на репрезентацијата на Велс за претстојните обврски во Лигата на нациите. Ѕвездата на Реал Мадрид одговори на повикот на селекторот Рајанг Гигс, без разлика што нема играно од јуни, што значи дека закажаниот состанок со Зинедин Зидан на 30 август е одложен.

Бејл дури кога ќе заврши со репрезентативните обврски, ќе се сретне со Зидан за да разговараат околу неговата иднина. Ваквиот потег сигурно нема да му помогне да ги поправи односите со клубот и се чини дека заминување ќе му остане единствена опција.

Откако продолжи сезоната по тримесечниот прекин, Бејл од клупа го проследи походот на Кралевите до титулата во Шпанија, ниту пак беше во комбинација за настап во реваншот против Манчестер сити во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести