Бејл не сакал да игра, затоа не е меѓу патниците кои заминаа за Манчестер

На прес-конференцијата на Зинедин Зидан во Манчестер во пресрет на вечерашниот дуел од осминафиналето во ЛШ, новинарите најмногу се интересираа зошто го нема Герет Бејл меѓу патниците и на листата на кандидати за настап.

„Бејл побара од мене да не игра. Само толку можам да ви кажам“ – рече Зидан, но новинарите упорно продолжија да му поставуваат прашања на истата тема.

„Тоа е нешто што останува меѓу нас двајца. Нема решение за проблемот. Не е повреден, тој е наш играч, го почитувам, но рече дека не би сакал да игра, и ете, не игра “ – додаде Зизу.

Реал не може да најде клуб кој би ги купил Бејл, бидејќи платата на 31-годишниот Велшанец е околу 15 милиони евра по сезона. Неговиот договор со Реал е до 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести