Бејл: Не се каам за ништо што направив во Реал

Герет Бејл ќе се обиде да си ја оживее кариерата по враќањето во редовите на Тотенхем, клубот во којшто прерасна во ѕвезда пред да заигра во дресот на Реал Мадрид. Велшанецот во седум години оствари огромен успех на „Сантијаго Бернабеу“, пред сè му се паметат четири титули во Лигата на шампионите, но и катастрофалниот пад на формата и неколку контроверзни потези кои му оставија дамка на кариерата.

Во интервју за британскиот медиум „Скај спортс“, Бејл посочи дека не се кае за ништо што направил додека ги бранеше боите на Кралскиот клуб, но и дека е благодарен што имал привилегија да биде дел од една успешна организација.

„Јас само сакам да играм фудбал, сè што се случува надвор од теренот е вон моја контрола. Воопшто не обрнував внимание на критиките, свирежите од трибини беа нешто со што научив да живеам. Немам никому што да докажам, знам каков сум и како ме гледаат моите најблиски, затоа не се каам за ништо што направив во Реал. Како и да е, минав седум прекрасни години и научив толку многу како професионалец и како човек“, истакна Бејл.

- Оглас -

Најнови вести