Бејл почнува да блеска во МЛС, за првиот гол му беше потребно помалку од 40 минути на теренот (Видео)

Герет Бејл летово си замина од Реал Мадрид, а дека не заборавил да игра фудбал и да постигнува голови, Велшанецот покажува во дресот на новиот тим, Лос Анџелес. Фудбалерот кој ги освои сите најзначајни клупски трофеи со Кралскиот клуб, сега како играч на Лос Анџелес покажува дека уште има „магични“ потези за да ги израдува навивачите.

На гостувањето кај Канзас, ЛА славеше со 2:0, а Бејл погстигна гол во 83 минута за потврда на триумфот. Велшанецот во игра влезе во 65 минута и неполни 20 минути му беа потребни за погодокот. Ова е втор меч за Бејл во новиот тим, откако минатата недела одигра неполни 20 минути во победата над Нешвил. Тоа значи дека Бејл за неполни 40 минути поминати на терен во дресот на ЛА се израдува на првиот погодок.

„Убаво е да се влезе во игра и да се постигне гол, но најважно е што победивме. Се прилагодив во новата средина како што и очекував. Од клубот не сакаа да ме форсираат и тоа е добро. Се надевам дека наскоро ќе почнам да го играм мојот најдобар фудбал“, рече Бејл по средбата.

Тимот на Лос Анџелес е прв во Западната конференција со 45 бодови.

- Оглас -

Најнови вести