Бејл не го заборави „старото јато“, се покажа како добар домаќин на Реал Мадрид (Видео)

Герет Бејл ова лето си замина од Реал Мадрид и тоа по девет години поминати на „Сантијаго Бернабеу“. Велшанецот потпиша за тимот на Лос Анџелес во МЛС, но малку време требаше за повторно да се сретне со своите доскорешни соиграчи.

Кралскиот клуб веќе подолго време е на подготовки во САД, а сега се наоѓа во Лос Анџелес. Бејл не заборави да дојде на тренинг на Реал Мадрид и да ги поздрави соиграчите со кои освои многу титули и имаше многу радосни моменти.

Кога се појави на тренингот, на Бејл прв му пријде тренерот Карло Анчелоти со кого се прегрна. Потоа, сите играчи на Реал дојдоа да се поздрават со Бејл, а посебно срдечна беше средбата со Карим Бензема, Лука Модриќ и Тони Клос.

- Оглас -

Најнови вести