Бекали: Ако влеземе во Лигата на шампионите, ќе изградам стадион од 100.000 седишта

Сопственикот на Стеауа, или сега ФЦСБ, како што мораше да се прекрсти клубот поради финансиски малверзации, вели дека ако клубот се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2023/2024, во Букурешт ќе изгради стадион со 100.000 седишта.

„Ако се пласираме во групите на ЛШ, ќе направам стадион за 100.000 навивачи. Не може да играме пред 50 илјади, малку се. Побарувачката за билети кога играме во ЛШ е над 200.000 билети, за многу мои пријатели не можев да најдам билети. Имам и локација на која ќе биде направен стадионот “, рече контроверзниот Бекали.

Годинава ФЦСБ може да влезе во групите на Конференциската лига, и тоа ако во баражот го победи норвешки Викинг.

- Оглас -

Најнови вести