Бекам е газда, Невил е тренер, а Игуаин капитен на најслабиот тим во МЛС

Уште пред неколу години Дејвид Бекам најавуваше формирање фудбалски клуб во САД, а кога тоа успеа да го оствари, работите не одат според планот. Интер Мајами моментно е најслабиот тим во најсилното фудбалско натпреварување во САД.

Тимот кој најавуваше дека сака да ги доведе дури и Лионел Меси и Кристијано Роналдо има освоено само 9 бода по 13 одиграни меча. Тој е единствен од сите 27 клубови во Западната и Источната конференција што е со едноцифрен број бодови.

На последните седум меча, Интер Мајами има дури шест порази. Џабе му е на Интер Мајами тоа што го има шестиот најскап состав со вредност од 44,15 милиони евра. Најпознати имиња се Гонзало Игуаин, некогашниот голгетер на Реал Мадрид, Киран Гбс, поранешниот дефанзивец на Арсенал, како и Блез Матуиди, светскиот првак со Франција.

На клупата на Интер Мајами е некогашниот соиграч на Бекам од времето кога играа во Манчестер јунајтед, Фил Невил, но Англичанецот е под притисок, па ако за брзо време неговиот тим не почне да победува, може да добие отказ.

 

- Оглас -

Најнови вести