Бекам и Меси имаат план да ја освојат МЛС: За Интер Мајами ќе потпише легендарниот уругвајски напаѓач

Случајно или не, Лионел Меси осмата Златна топка ја доби од рацете на Дејвид Бекам, сопственикот на Интер Мајами, клубот за којшто настапува најдобриот на светот. Дека соработката помеѓу двете легенди е на највисоко ниво, говори и фактот дека следно засилување за Интер Мајами ќе биде најдобриот пријател на Лео Меси, Луис Суарес.

Уругваецот во моментов е член на Гремио, клуб кој му правеше проблеми минатото лето при обидот уште тогаш да се пресели во Интер Мајами, но сега сите пречки се отстранети, со оглед на тоа дека договорот во бразилскиот клуб му истекува на Нова година.

Луис Суарес и Дејвид Бекам веќе имаат постигнато устен договор, а се чека само официјализација и Уругваецот да стане соиграч со Лионел Меси. Ова јасно ги открива амбициите на Интер Мајами, кои за следната сезона се освојување на МЛС-лигата.

Клубот предводен од легендарниот Англичанец ќе потпише договор на една година со Луис Суарес, со можност тој да биде продолжен и за 2025.

- Оглас -

Најнови вести