Бекер првото интервју по излегување од затвор го наплати половина милион евра

Поранешниот германски тенисер, Борис Бекер, минатата недела беше пуштен од англиски затвор и депортиран во Германија, каде што го даде првото интервју од кое добро заработи.

Бекер помина осум месеци зад решетки поради финансиски малверзации, а по враќањето во татковината тој даде интервју за САТ ТВ, и тоа добро го наплатил, за едночасовниот разговор доби 435.000 фунти, или околу 498.167 евра.

Во интервјуто кое беше емитувано вчера, Бекер зборуваше за неговите денови зад решетки, делејќи ја ќелијата со убијци и сексуални престапници.

Тој времето во затворот Вандсворт, кој беше од Б категорија и во кој беа сместени опасни криминалци, а потоа и во Хантеркомб, кој е Ц категорија, го опиша како „болно и скапо самооткривање“, но и како прикриен благослов.

Разговорот се водеше и на германски и на англиски јазик со цел да биде подостапно за што поголем пазар, а водител беше познатиот германски новинар Стивен Гатјен, кој го посетил Бекер и во затворот во Вандсворт.

„Го видов Борис во затворот, беше насмеан, изненадувачки весел, изгледаше како човек кој имаше време да размисли за сè. Тој беше посебно емотивен додека зборуваше за првите денови во Вандсворт, каде што не беа затворени само луѓе осудени за финансиски прекршоци, туку и други опасни криминалци. Рече дека најмногу се плаши да не заврши со такво друштво во ќелија. Сепак, четири дена беше сам, без комуникација, само со еден час пешачење. Сакаше само малку свеж воздух, сè ќе дадеше за тоа. Немаше попуст како славна личност, имаше само број“, изјави Гатјен.

- Оглас -

Најнови вести