Еден голман и уште еден што го глуми се премногу во ист шеснаесетник, го направија најчудниот пенал во 2023 година (Видео)

Најчудниот пенал во 2023 година е досуден викендов во Италија, во меч од Примавера лигата за играчи до 19 години, а го направи Ајман Ел Вафи од Верона.

Ќарија фудбалерите на Милан, кои потоа погодија од белата точка и израмнија за реми 1:1 како конечен исход.

Ел Вафи ја фати топката со раце во шеснаесетникот без посебна причина и во ситуација што воопшто не беше опасна, а не виде дека судијата претходно даде знак играта да продолжи.

Голманот на Верона му ја додаде топката со рака на својот соиграч, а и Ел Вафи ја фати со раце за да ја намести за дегажман, по што судијата покажа на белата точка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести