Беласица има гол-разлика 0-8 по две кола, ама квотите во Sport Life не ја отпишуваат

Беласица од 17 часот на „Благој Истатов“ во Струмица го пречекува Шкупи во првиот дуел од третото коло во првата македонска фудбалска лига. Средбата се игра еден-два дена порано поради настапот на чаирчани во квалификациите од Лигата на Европа, па да имаат малку повеќе одмор пред патувањето до Баку, Азербејџан, каде што ги чека Нефтчи. Од Шкупи јавно им се заблагодарија на Беласица и ФФМ што прифатија мечот да се игра денеска, наместо утре.

Шкупи е фаворит на хартија, но коефициентот за нивна победа во Sport Life не е мал. Беласица нема лесно да се предаде, иако на овој тим не му тргна баш добро во новата сезона. Во првите две кола, струмичани губеа со 0-6 и 0-2. Од друга страна, Шкупи собра четири бода и добро било за нив со победа и позитивно расположение да заминат во Азербејџан.

- Оглас -

Најнови вести