Колумбиската ѕвезда Шакира повторно е избрана да ја изведе официјалната песна за Светското првенство 2026.
Поранешната партнерка на Жарарт Пике на социјалните мрежи објави дел од песната „Dai Dai“, официјалната композиција за Мундијалот 2026, која ја изведува заедно со нигерискиот артист Бурна Бој.
Премиерата е закажана за 14 мај, а спотот за песната е снимен на легендарниот стадион „Маракана“ во Бразил.
Како што е познато, Шакира и во 2010 година ја изведе „Waka Waka (This Time for Africa)“, официјалната песна за Светското првенство во Јужна Африка.
View this post on Instagram

