Белгија, Франција и Русија ќе тргнат со победи во квалификациите

6701 Белгија – Велс (20.45 часот)

Овие две селекции, заедно со Чешка се фаворити во групата Е, па секоја победа во меѓусебните дуели е многу значајна. Белгија како најдоброрангирана селекција на ФИФА листата секако е фаворит на хартија, и веднаш ќе сака да се наметне како тим кој ќе го освои првото место кое носи директен пласман на СП 2022. Полуфиналето на СП 2018 е последен меч на кој Белгија не дала гол. Велшаните никогаш не победиле во Белгија, но на последните две гостувања освојуваа по бод. Последен пат се сретнаа во четвртфиналето на ЕП 2016, кога Велс славеше со 3-1.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.00)

 

6707 Франција – Украина (20.45 часот)

Франција како светски првак, важи за фаворит против било кој тим, па така и против Украина, која со Финска и БиХ ќе се бори за втората позиција која води во бараж. Лани во октомври, Галските петли на пријателски меч ја уништија Украина со 7-1, па на избраниците на Шевченко нема да им биде пријатно кога повторно ќе се појават на истиот стадион. Украинците не играа добро во Лигата на нации, но приредија сензација против Шпанија и не смее да бидат потценети.

Предлог тип: 1-1 (1.79)

 

6712 Малта – Русија (20.45 часот)

Тука јасно е дека Русите се големи фаворити и дека мора да победат ако сакаат да бидат први или втори во незгодна група во која ривали им се Хрватска, Словенија и Словачка. Русите никогаш не играле против Малта, ова им е прво гостување на малиот остров, и добра прилика да се прекине црната серија од шест меча без победа. Малта од ноември 2019 година нема пораз дома, но Летонија им беше најсилниот тим со кој се сретнаа оттогаш наваму.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.52)

 

6715 Словенија – Хрватска (20.45 часот)

Словенците имаат само еден пораз на последните 10 меча, а Облак прими гол на само еден од последните осум меча. Хрватска е тим кој на девет од последните десет гостувања, и даваше и примаше гол. Модриќ вечерва ќе се изедначи со Срна како рекордери по одиграни мечеви за Коцкестите, па мотивите нема да изостанат. Хрватите четири пати гостувале кај нивниот сосед, и секогаш победувале, но тоа беа дуели пред 13 и повеќе години.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.81)

 

6714 Србија – Република Ирска (20.45 часот)

Ова се две селекции кои реално е да се борат за второ место во групата во која прв фаворит е Португалија, и евентуално да чекаат кикс на Португалците па да бидат први. Србија низ историјата имала повеќе среќа во квалификации за СП отколку за ЕП, и ова им е шанса со новиот селектор Стојковиќ повторно да се појават на Мундијал. Нерешено нема да им заврши работа на Србите, но Ирците се незгоден, цврст тим. Ирците одамна не дале гол, а не дадоа ни на последниот дуел против Србија во 2017 година. Србија и Ирска двапати играле во Белград, и двапати било нерешено.

Предлог тип: & 1-3 (1.68)

- Оглас -

Најнови вести