Белгија во страв пред мечот со Италија

Олимпискиот стадион во Минхен утревечер ќе биде домаќин на најатрактивниот дуел од четвртфиналето на Европското првенство. Во дуел на две селекции кои атакуваат на златото, Белгија игра против Италија. Белгијците досега немаат ниту едно злато од големите натпреварувања, а веруваат дека ова е генерацијата која може да стигне до историски успех.

Сепак, Црвените ѓаволи имаат големи проблеми. Не се знае дали против Италија ќе играат нивните двајца најдобри фудбалери, Еден Азар и Кевин де Бројне. Двајцата се жалат на повреди, а селекторот Роберто Мартинес вели дека уште ништо не се знае.

„Шансите за Азар и Де Бројне да се појават на терен се 50-50“, рече и Мартинес на денешната прес-конференција. И Азар и Де Бројне го пропуштија последниот тренинг пред утрешниот меч, што е само дополнителен аларм дека Белгија најверојатно нема да биде во најсилен состав за еден од најважните мечеви во нивната репрезентативна историја.

Ако ѕвездите на Реал Мадрид и Манчестер сити не се подготвени, на нивно место во стартниот тим на Белгија треба да бидат Јаник-Фереира Караско и Дрис Мертенс.

 

- Оглас -

Најнови вести