Белгискиот ѓавол е посилен од Црвените ѓаволи во манчестерското дерби, пак имаше проблем со навивач на трибините (Видео)

Кевин Де Бројне со два гола и извонредна претстава на „Етихад“ ја направи разликата во првото полувреме на манчестерското дерби и Сити води против Јунајтед со 2:1.

Домаќините го имаа извонредниот Белгиец кој погоди во петтата и во 28. минута, за предност на популарите Граѓани, кои се и лидери на табелата во англиското првенство.

Манчестер јунајтед игра без Кристијано Роналдо, кој одбилда настапи против Сити, а беа рамниправни во првото полувреме, но останаа покуси за еден гол.

Погодокот за гостите го даде Џејдон Санчо, кој е поранешен играч на Манчестер сити.

Во првото полувреме имаше и кус прекин, а повторно во прашање беа здравствени проблеми на еден од навивачите на трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести