Белингам е Златно момче, наградата за најдобар млад играч ќе ја добие на 4 декември

Англичанецот Џад Белингам е прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа, и на 4-ти декември во Торино ќе ја добие наградата „Голден бој“ (Златно момче).

Ова е трета година по ред наградата која ја доделува италијански „Тутоспорт“ да ја добива некој играч од шпанската лига, лани и преклани победуваа Педри односно Гави од Барселона.

Белингам кој летоска се пресели од Борусија Дортмунд во Реал Мадрид, сезонава во дресот на Кралскиот клуб тргна спектакуларно и веќе е еден од фаворитите и за следниот избор на „Златна топка“ и наградата „The Best“ за најдобар фудбалер во светот.

- Оглас -

Најнови вести