Белингам ја спаси Англија од пораз, Португалија шокирана на гостувањето во Словенија (Видео)

Голем број пријателски натпревари се одиграа ширум светот вечерва, на последниот ден од мартовскиот ФИФА прозорец. Најголемото изненадување го приреди Словенија, која ја совлада Португалија со 2-0. Кристијано Роналдо и соиграчите останаа немоќни во Љубљана.

Домаќинот на Европското првенство, Германија, со 2-1 беше подобра од Холандија на пријателскиот меч во Франкуфрт. Мителстад и Фулкруг погодија за домашните, додека единствениот гол за Холандија беше дело на Верман за водство од 0-1.

Џуд Белингам со гол во 95-тата минута ја спаси Англија од пораз на домашен терен од Белгија, во мечот кој заврши 2-2. Белгија двапати водеше со головите на Тиелеманс, но Англичаните израмнуваа преку Тони и Белингам.

- Оглас -

Најнови вести