Белингам по Борусија сака да игра само за Реал Мадрид и не го интересираат понудите од Премиер лигата

Еден од најдобрите млади фудбалери на светот, Џад Белингам, по Борусија Дортмунд, чиј член е сега, сака да игра само за еден тим, тоа е европскиот шампион Реал Мадрид.

Шпанските медиуми откриваат дека агенцијата што го застапува Белингам веќе ги известила челниците на Реал Мадрид дека англискиот репрезентативец сака да игра само за Реал Мадрид и тој податок може да биде клучен во преговорите на претседателот на Кралевите, Флорентино Перез, со челниците на Борусија Дортмунд.

Ова значи дека премиерлигашите Ливерпул и Манчестер јунајтед немаат шанси за негов ангажман иако се подготвени да платат повеќе од Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, Белингам треба да биде наследник на ветераните Лука Модриќ и Тони Крос во средниот ред на Реал Мадрид.

Проблем за Реал Мадрид може да претставува тоа што челниците на Борусија немаат намера да го продадат Белингам за помалку од 100 милиони евра, се споменува цифра дури од 150 милиони, како и тоа што се очекува младиот фудбалер да блесне на Мундијалот во Катар и дополнително ја крена својата цена.

- Оглас -

Најнови вести