Бенџамин Менди доби ослободителна пресуда за шест обвиненија за силување

Бенџамин Менди, некогашниот фудбалер на Манчестер сити, е прогласен за невин по обвинувањата за шест силувања, одлучи Судот. Менди извесен период беше во притвор, а две години траеше неговата борба да докаже дека не е виновен за обвиненијата кои беа на негова сметка.

Менди се сомничеше дека силувањата ги направил во неговиот дом во Манчестер. Сепак, останува Менди да се бори на Суд за уште два случаи за силување бидејќи Судот овојпат не можеше да донесе одлука.

Освен Менди, од обвиненија е ослободен и неговиот пријател, 48-годишниот Луис Саха Матир, кој исто така беше обвинет за силување на две тинејџерки.

- Оглас -

Најнови вести