Бенџамин Менди е ослободен од обвинувањата за силувањe, но сега е пред нов предизвик

Сега веќе поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, денес е ослободен од сите обвинувања за силување и конечно се најде на слобода.

Тој мина две години во притвор токму поради обвинувањата за силување и за обид за силување врз две девојки, а претходно доби ослободителни пресуди и во шест други случаи каде беше обвинет за истите дела.

Тој во 2017-тата година се пресели од Монако во Манчестер Сити за 49.2 милиони фунти, но својот последен настап за “граѓаните“ го имаше на 15-ти август 2021-вата година против Тотенхем, после кој беше суспендиран од клубот, а сега и официјално му заврши договорот и тој е слободен агент.

28-годишниот фудбалер сега е пред нов предизвик, да пронајде клуб и да ја продолжи кариерата, односно да се врати на нормалниот живот кој го имаше пред да заврши во притвор поради сливање.

- Оглас -

Најнови вести