Бенфика беше на прагот на подвиг, но Обамејанг имаше други планови (Видео)

Арсенал и Бенфика го одиграа најинтересниот натпревар од реваншите на 16-финалето во Лигата на Европа од средбите кои почнаа во 18.55 часот.

Арсенал беше домаќин во Атина и имаше 1-1 од првиот меч. Пјер-Емерик Обамејанг ги доведе во водство Топчиите, но Орлите од Лисабон направија пресврт и до средината на второто полувреме водеа со 2-1. На Бенфика им одговараше и реми од 2-2, резултат кој го имаа, но во 87-мата минута Обамејанг даде уште еден гол и ги однесе Англичаните во следната рунда.

Најголем малер на вечерта е германскиот Хофенхајм, кој после 3-3 на гости со Молде, дома загуби. Ренџерс и Антверпен на двата меча си дадоа по седум гола, а многу повеќе голови беа постигнати во мрежата на Белгијците.

РЕЗУЛТАТИ: Ајакс – Лил 2-1, Арсенал – Бенфика 3-2, Хофенхајм – Молде 0-2, Наполи – Гранада 2-1, Ренџерс – Антверпен 5-2, Шахтар – Макаби Тел Авив 1-0, Вилјареал – Салцбург 2-1.

*Екипите со затемнети букви одат понатаму.

- Оглас -

Најнови вести