Бенфика чудесно се спаси, Србин со „ракета“ го реши Лудогорец, пресврт „еден во два“ во Будимпешта (Видео)

Победите на првите натпревари кои ги играа дома се покажаа како доволни за Јанг бојс, Бенфика и Малме да ги добијат баражите од плејофот во квалификациите за Лигата на шампионите и да се пласираат во групната фаза од елитното натпреварување.

Швајцарците двапати го победија Ференцварош со 3-2, но вечерва во Будимпешта не изостана драмата. Домашните водеа со 2-1 по првото полувреме, но примениот гол за 2-2 и црвениот картон беа кобни за нив, а среќни за Младите момчиња.

Бенфика издржа да не прими гол на гостувањето кај ПСВ и одигра 0-0, доволни за влез во групите од ЛШ. Орлите од Лисабон од 32-рата минута до крај имаа играч помалку на терен поради исклучувањето на Верисимо, но се одбранија, а во некои ситуации имаа и многу среќа.

Лудогорец извојува пирова победа над Малме од 2-1, затоа што шведскиот тим ја доби првата средба со 2-0. Бугарите пробуваа да се изборат за продолженија, но не успеаја да дадат трети гол. Јунак на Малме е Србинот Вељко Бирманчевиќ, кого го купија летово од Чукарички. Бирманчевиќ даде гол и на првиот дуел, додека вечерва во Разград постигна прекрасен гол од слободен удар, додуша со малку помош од играч на Лудогорец кој беше во живиот ѕид.

Ова е голот на Бирманчевиќ кој му пресуди на Лудогорец:

- Оглас -

Најнови вести