Бенфика даде гол, но поради бизарна причина не води на „Камп ноу“ на полувреме (Видео)

Барселона и Бенфика играат меч кој директно може да го одлучи патникот во следната фаза во Лигата на шампионите, а по првиот дел е 0:0. Каталонците со победа ќе го обезбедат второто место во групата, додека на Бенфика ѝ треба победа за да се врати на посакуваната позиција.

Гостите од Лисабон дадоа гол во првиот дел на „Камп ноу“, но не водат. По еден изведен корнер, ефето на топката беше толку големо, што во летот таа ја помина замислената гол аут-линија, па џабе беше прекрасниот погодок на гостите.

Барселона имаше свои шанси, домаќините ја погодија и стативата, но нема погодоци.

Во останатите мечеви од ЛШ, на полувреме резултатите се: Челзи – Јувентус 1:0, Лил – Стразбург 1:0, Малме – Зенит 1:0, Севилја – Волфсбург 1:0, Јанг бојс – Аталанта 1:1.

- Оглас -

Најнови вести