Бенфика одигра супериорно против слабиот состав на Национал и забележа неверојатна победа од 10:0 со што се доближи на само еден бод до лидерот Порто во домашното првенство.
Катастрофата на гостите и блескавата победа на Бенфика, што ретко се гледа во европските првенства ја најави Грималдо во првата минута. Дебаклот на Национал се навестуваше по само половина час кога Сеферовиќ со два гола зголеми на 3:0.
Жоао Феликс, Пици и Феро во кус рок од шест минути на почетокот на вториот дел зголемија на 6:0, а рафалната стрелба до десетка ја продолжија Дијаз, Жонас на двапати и Силва.
Ова е највисоката победа во актуелното првенство во Португалија и една од највисоките воопшто.