Бенфика нема да загуби во Москва

6711 Спартак Москва – Бенфика (19.00 часот)

Во Москва се игра дуел на два тима кои не беа шампиони во своите првенства, но се борат за влез во Лигата на шампионите и ова им е претпоследна скала до влез во европската клупска елита. За Спартак предност може да биде што е во натпреварувачки ритам, руската лига е почната, додека Бенфика уште е во период кога игра само подготвителни мечеви, но Орлите имаат поквалитетен состав. Бенфика од мај не знае за пораз,и оттогаш нема примено повеќе од еден гол. Спартак двата меча во Лигата ги одигра со 0-1 гол.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.85)

 

6712 Динамо Загреб – Легија (20.00 часот)

Тимот во кој се македонските репрезентативци Адеми и Ристовски сака да го повтори успехот од минатата сезона, но нема да биде лесно иако Легија не е толку силна како некогаш. Динамо покажа слабости во одбраната на дуелот со Риека, но ова е нешто друго, мотивацијата ќе биде поголема. И Легија викендов прими три гола во полското првенство, што покажува дека и за нив приоритет е гостувањето на „Максимир“. Овие два клуба досега никогаш не играле меѓу себе.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.78)

 

6713 Ференцварош – Славија Прага (20.00 часот)

Ференцварош со пораз од 1-3 против Кишварда ја почна одбраната на титулата во унгарското првенство и пресметката со Славија ќе покаже дали тимот од Будимпешта е во криза или се чувале за дуелот со Чесите. Пред тоа, Ференцварош не знаеше за пораз уште од февруари. Славија не загубила од април, кога беше надиграна од лондонскиот Арсенал во Лигата на Европа. Станува збор за два тима кои знаат да бидат ефикасни.

Предлог тип: ГГ (1.86)

 

6723 Валенсија – Милан (20.30 часот)

Лилјаците на претходната контрола го совладаа градскиот ривал Леванте со 1-0, а Росонерите ремизираа 1-1 против Ница. Жиру даде прв гол во дресот на Милан и додека не се врати Ибрахимовиќ, Французинот треба да биде најопасен поединец во нападот на Милан. Но, ова се пријателски мечеви во кои многу се менуваат составите, резултатот е во втор план, иако многу поединци сакаат да се докажат пред тренерите. Валенсија е во понапредна фаза од подготовките, а секогаш кога играле овие два клуба, конечниот резултат бил 2-1.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.72)

 

6726 Челзи – Тотенхем (20.45 часот)

Сините го победија Арсенал, па сега сакаат да му земат мерка и на најлутиот ривал на Топчиите и свој лондонски ривал. Во Тотенхем најмногу ги мачи ситуацијата со Хари Кејн, кој одбива да тренира со тимот барајќи трансфер во Манчестер сити. Ова е прва силна контрола за Тотенхем во подготвителниот период. Четири од последните пет меѓусебни дуели на овие тимови во сите натпреварувања завршија со 0-2 гола по регуларните 90 минути.

Предлог тип: 1 (1.66)

- Оглас -

Најнови вести