29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Бенфика сака да доведе фудбалер кој Реал го плати 30 милиони евра

Португалскиот гигат Бенфика се надева дека во овој преоден рок во своите редови ќе го доведе 20-годишниот Бразилец Рејниер од Реал Мадрид. Овој млад офанзивен играч веќе две години е фудбалер на Кралскиот клуб, но игра како позајмен играч во Борусија Дортмунд.

Изминатата сезона Рејнер не успеа да одигра повеќе од 800 минути, па затоа и тој сака да направи трансфер во Бенфика, каде би добил поголема минутажа. Реал Мадрид за овој играч плати 30 милиони евра на Фламенго, а голем проблем за Рејнер е тоа што уште нема европски пасош, па се води како странски играч.

Овој млад Бразилец беше член на Олимпискиот тим на Бразил кој на Игрите во Токио стигна до златниот медал.

- Оглас -

Најнови вести