Бенфика со најголема добивка од 2009 година, Манчестер сити спука над милијарда евра на засилувања

Бенфика работи најдобро во последните 10 години на трансфер-пазарот и има добивка од 590 милини евра во купопродажба на играчи во двата трансфер-периоди, зимскиот и летниот.

Португалците и летово го потврдија приматот со продажбата на Жоао Феликс на Атлетико Мадрид за 126 милиони евра. Токму Атлетико е еден од најголемите потрошувачи и од 2009 година досега имаше обрт од една милиијарда, но е поголем потрошувач од продавач на фудбалери и е во минус од околу 54 милиони евра.

Убедливо најмногу пари потрошил Манчестер сити, точно 1,61 милијарди евра, а зијанот им е 1,17 милијарди евра.

Но, на популарните Граѓани им е лесно бидејќи зад себе како сопственици ги имаат богатите шеици, предводени од Калдон ал Мубарак, кој е претставник на капиталот на Сити фудбал груп.

Изненадувачки на топ-20 листата одлично котира Џенова на Горан Пандев со заработка од 167,5 милиони евра.

Меѓу големите потрошувачи очекувано се: Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Челзи, Ливерпул, Интер… сите со „дебел“ зијан, а во добар плус се: Порто, Удинезе, Лион, Монако, секако, покрај Бенфика и Џенова.

- Оглас -

Најнови вести