Родриго Бентакур е иднината на Јувентус, а денеска 21-годишниот Уругваец го продолжи договорот со шампионот на Италија до 2024 година.
Бентанкур има само 21 година, а го сметаат за еден од најталентираните фудбалери што доаѓа од расадникот на фудбалски бисери, од Јужна Америка.
Во Јувентус пристигна од редовите на Бока јуниорс, а интересно е што досега за двата клуба има одиграно по 51 натпревар и постигнал еден гол за аргентинскиот гигант и два за Старата дама.
Бентанкур со новиот обновен договор ќе заработува по 2.5 милиони евра нето по сезона.

