Бензема е на еден гол од голем потфат, тоа не е добро за Леванте

Карим Бензема вечерва би требало да се најде во почетниот состав на Реал Мадрид на средбата со Леванте, а Французинот има шанса да избие на второто место на вечната листа на стрелците во најтрофејниот шпански клуб.

На Бензема му фали еден гол за да се израмни со легендарниот Раул Гонзалес, а со два ќе го надмине и пред него ќе биде само Кристијано Роналдо (450). Раул има 323 гола, Бензема е на 322. Бензема е најзаслужен за успесите на Реал сезонава, даде 19 гола на последните 14 меча, а може и дополнително да ја засили својата кандидатура за играч на годината.

Тоа што Бензема ќе биде мотивиран да даде барем еден гол не е добро за Леванте, кој вечерва ако загуби во Мадрид, дефинитивно испаѓа во втора лига.

- Оглас -

Најнови вести