Бензема „фатен“ што зборува за соиграчот: Мене додајте ми ја топката, тој игра против нас (Видео)

Реал Мадрид синоќа се спаси од пораз на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и одигра 2:2 благодарение на погодоците во последните неколку минути од мечот. До 87-мата минута, Борусија водеше со 2:0, но потоа погодија Карим Бензема и Касемиро, па Реал стигна до првиот бод во групната фаза од Лигата на шампионите.

На полувремето од дуелот во Германија, додека играчите заминуваа кон соблекувалните, камерата го забележа Бензема како сака да го саботира соиграчот Винисиус јуниор. Иако Винисиус беше во непосредна близина на Бензема, францускиот голгетер без многу размислување му се обрати на Менди.

„Мене додај ми ја топката, а не нему. Тој игра против нас.“, му вели Бензема на Менди.

Инаку тренерот на Реал, Зинедин Зидан, вели дека и покрај тоа што неговиот тим има само еден бод од двата меча во Лигата на шампионите, воопшто не е загрижен и 100 отсто е сигурен дека Кралскиот клуб ќе ја помине групната фаза. Популарниот Зизу жали што Реал не победил во Менхенгладбах, иако неговиот тим до 87-мата минута губеше со 0:2.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести