Бензема го матираше Димитриевски, Реал води 1:0 на полувреме (Видео)

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски имаше кобна 13-та минута на „Сантјаго Бернабеу“ во дуелот против актуелниот европски првак Реал Мадрид. Димитриевски е на голот на Рајо Вајекано на гостувањето кај гигантот, а во првите 45 минути еднаш ја извади топката од својата мрежа.

Карим Бензема доби топка на околу 7-8 метри од голот на Димитриевски и успеа да погоди покрај немоќниот македонски репрезентативец. И покрај тоа што прими еден гол, Столе брани солидно против големиот фаворит и има неколку добри интервенции во првите 45 минути, а посебно добра беше таа кога му го одбрани ударот на Асенсио. Реал доминира и има 70 отсто посед на топка.

Во 36 минута, Димитриевски имаше и среќа, откако ударот на Тони Крос заврши во рамката од голот на гостите. Пред почетокот на средбата, играчот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја покажа „Златната топка“ која неодамна ја доби во изборот на „Франс Фудбал“.

https://youtu.be/WRSRDdd3nK8

https://dai.ly/x6z0lhp

 

- Оглас -

Најнови вести