Бензема ја грабна капитенската лента и го одржа Реал во битка за титулата (Видео)

Карим Бензема со два гола го спаси Реал Мадрид од нова домашна бламажа, и му донесе победа на Кралскиот клуб од 2-1 против Елче, со што го одржа клубот во трка за одбрана на титулата во шпанското првенство.

Елче поведе, а потоа од игра беше повлечен повратникот Серхио Рамос, па Бензема ја презеде капитенската лента и се покажа како лидер и спасител на Реал. Французинот даде по еден гол со глава и нога, во судиското продолжение погоди за триумф и стана 12-ти стрелец во историјата на Ла Лига, изедначувајќи се со Давид Вилја, со 184 гола.

Реал Мадрид цели пет години немаше добиено лигашки меч со гол после истекот на регуларните 90 минути, но еве денеска покаѓаа карактер и се извлекоа.

https://twitter.com/i/status/1370783682999549952

- Оглас -

Најнови вести