Бензема пред 15 години го постигна првиот гол за Реал, останатото е историја (Видео)

Пред 15 години Реал Мадрид од Лион го купи Карим Бензема, а тој во следните 14 сезони освои 25 трофеи со „кралевите“ и постигна вкупно 354 голови. Токму на денешен ден, 20-ти септември, во 2009-тата година, Карим Бензема го постигна првиот гол во дресот на Реал Мадрид и тоа на мечот од третото коло на Ла Лига, против Херес (3-0).

Карим Бензема со Реал Мадрид освои вкупно 25 трофеи, по пет во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, по четири во Ла Лига, шпанскиот Супер куп и европскиот Супер куп, но и три во Купот на кралот. Бензема во 2022-рата ја освои и Златната топка.

- Оглас -

Најнови вести