Бензема пред враќање во Европа, еден клуб работи на реализација на трансферот

Во саудискиот клуб Ал-Итихад, кој е актуелен првак на таа земја, наводно не знаат каде е нивната главна ѕвезда Карим Бензема. Францускиот напаѓач ја напушти Џеда од лични причини и ги деактивира своите профили на социјалните мрежи.

Ова придонесе да почнат шпекулации за враќање на 36-годишниот Бензема во Европа, иако договорот со Ал-Итихад му е до 2026 година.

Од Лион, кој му е матичен клуб на Бензема, не губеле време и веднаш почнале да се распрашуваат за Карим со надеж дека ќе потпише за нив на крајот на сезонава. Бензема сезонава има 12 гола и 5 асистенции на 20 меча. Тој во минатото често кажувал дека сака кариерата да ја заврши во Лион, од каде што во 2009 се пресели во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести