Бензема се повреди, дали за него е завршено ЕП уште пред да почне? (Видео)

Карим Бензема не успеа да издржи да одигра ни едно полувреме во контролниот меч против Бугарија. Ѕвездата на Реал Мадрид се пожали на болки во десното колено и побара да биде заменет од теренот.

https://twitter.com/i/status/1402351977846214662

Веднаш започнаа прашањата дали повредата е сериозна, дали Бензема ќе може да биде подготвен за настапот на ЕП кое започнува за неколку недели.

Според првичните информации, Бензема се пожалил на удар во коленото и тој сам успеа да замине во соблекувалната. Се очекува голгетерот да биде подготвен за настапите на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести