Бензема за првпат во 13 години даде ваков гол за Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид со 3:1 го победи Еспањол во Барселона и Кралевите останаа лидери во шпанското првенство. Карим Бензема по кој знае кој пат беше херој на Реал откако при резултат 1:1, најпрво погоди во 88-мата минута за водство, а потоа даде и уште еден гол за 3:1.

Бензема од август 2009 година е во Реал и ја започна 13-тата сезона, а интересно е дека синоќа прв пат успеа да постигне гол од слободен удар. Голгетерот има над 600 меча во дресот на Кралевите и 327 погодоци, а синоќа прв пат погоди од слободен удар како играч на шпанскиот гигант.

Интересно е дека Бензема последен пат имаше погодено од слободен удар додека го носеше дресот на Олимпик Лион, и тоа во април 2008 година.

- Оглас -

Најнови вести