Захариевски е задоволен и покрај поразот: Тиквеш беше за нијанса подобар, ние направивме голем успех

Тренерот на Воска спорт, Срѓан Захариевски, и покрај поразот од Тиквеш со 2:1 во финалето на Купот на Македонија, е горд на своите фудбалери иако не успеаја да дојдат до трофејот.

Захариевски е задоволен од тоа што го направија неговите фудбалери, играа во финалето на Купот, а исто така го обезбедија опстанокот во Првата фудбалска лига.

„Тиквеш беше за нијанса подобар од нас денес и сосема заслужено се радува на трофејот. Одигравме квалитетен меч против исклучително мотивиран противник. Ние успеавме да направиме голем успех, опстанавме во лигата и завршивме како седми. Заслугите за тоа одат на сметка на играчите кои го дадоа максимумот, рече Захариевски.

- Оглас -

Најнови вести